Поврзете се со нас

Формула 1

Алонсо по успехот во Катар: Седум години чекав на вакво нешто

Објавено

на

Фернандо Алонсо доби многу комплименти по освоеното трето место на првата Формула 1 трка одржана во Катар, а поранешниот шампион во ова натпреварување призна дека со нетрпение очекувал ваков резултат.

За Алонсо ова е прв подиум по цели седум години, а за неговиот тим Алпин само втор сезонава.

– Чекав седум години, но на крај дочекав. Бев блиску на неколку трки, најмногу на таа во Сочи.

– Искрено, денес мислев дека можам да поведам во првиот круг. Сметав дека со меките пневматици можам да му парирам на Хамилтон, во завршницата успеав да ја задржам предноста во однос на Перез и можам да бидам задоволен.

– Уште пред почетокот на трката планиравме стратегија со едно застанување во боксот, но не знаевме како ќе се однесуваат пневматиците на оваа патека. Пит стопот беше брз, болидот издржа и благодарение на сите во тимот се израдував на ваков успех.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни