Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид не се шегува: Момците на Лазаров најдоа решение и за Бутел

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkalkaloid

Ракометниот клуб Алкалоид е најпријатно изненадување на стартот на новата сезона во Суперлигата, а оваа вечер, новиот член во македонската елита ја оствари најважната победа.

По тесниот пораз од Вардар и петте победи против ривали кои во најголем дел ги надигруваше, момците на Кирил Лазаров денеска славеа против тимот со кој треба да се борат за второто место на табелата во еден тесен и неизвесен меч.

РК Бутел како искусен суперлигаш важи за главен фаворит за освојување на второто место во групата на Вардар, но за да се случи тоа, овој тим од Скопје сега знае дека ќе мора да брка повисока победа од два разлика на вториот меч со Алкалоид.

Младите ракометари на Лазаров одново одиграа модерен ракомет со многу трчање во двата правци, а таквото темпо направи Бутел да падне во самиот финиш и да загуби со 21:19. До завршните неколку минути, резултатот беше максимално изедначен и не се знаеше кој тим има подобри шанси за победа, но свежината на младите ракометари на крајот направи клучна разлика за шести триумф на Алкалоид во Суперлигата.

Мартин Серафимов со седум погодоци беше најефикасен ракометар во домашниот тим и воопшто на паркетот, додека кај поразените се истакна Филип Никол со шест гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни