Репрезентација
Алчевски: Жалиме за пропуштената победа против Кипар
Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува подготовките за претстојниот контролен дуел против Србија, по оној против домаќинот Кипар.
Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси, Македонија и Кипар одиграа нерешено 1:1.
Стрелец на единствениот погодок за Македонија беше Марио Илиевски во 66. минута од средбата. Можеме да жалиме за пропуштената победа на овој дуел, бидејќи во 85. минута не успеавме да реализираме удар од 11. метри.
Марко Алчевски, еден од најдобрите поединци на вчерашниот меч против Кипар, кој имаше неколку извонредни интервенции даде своја анализа за вчерашната игра на Македонија.
-Одигравме навистина добар натпревар против квалитетната и незгодна селекција на Кипар. Жалиме за пропуштената победа, но што е тука е, одиме понатаму.
-Имаше доста позитивни работи во нашата игра на вчерашниот меч против Кипар, но и сегменти и делови од играта каде што мораме да се подобриме. На прав пат сме, сакаме да бидеме подобри на секој нареден меч.
– Нема да биде лесно против селекцијата на Србија, имаме одличен противник за надигрување, сакаме да оствариме победа.
-Имаме квалитетен тим, владее одлична енергија помеѓу нас фудбалерити, поседуваме јасна цел и визија. Треба на секој натпревар да пристапиме со одлучност и голема желба за победа, -истакна Алчевски.
На 22. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе одиграат уште еден контролен натпревар против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија.
-
Англијапред 21 час
Ова се чекаше повеќе од две децении: Ипсвич повторно ќе игра во Премиер лигата (ВИДЕО)
-
АТПпред 17 часа
Синер ги разочара италијанските фанови: Навистина ми е тешко што го пишувам ова (Фото)
-
Шпанијапред 15 часа
Чави: Ова е резиме на сезоната, мора да се променат многу работи за да се бориме со Реал!
-
Шпанијапред 16 часа
Крос предвреме почна да ја слави титулата, па му се придружија и сите останати соиграчи од Реал (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти објасни зошто играчите на Реал нема да ја слават титула со навивачите на „Сибелес“
-
Светпред 19 часа
Миовски стрелаше и донесе победа за Абердин (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Арда им продаде фудбалски деликатес на двајца противнички фудбалери, па доби стоечки овации од „Бернабеу“ (Видео)
-
Светпред 14 часа
Роналдо постигна перфектен хет-трик, трет на последните шест меча! (Видео)