Поврзете се со нас

Светски првенства

Забалета за „новиот“ Меси: Ме потсети на Марадона, таков сакаме да го гледаме!

Објавено

на

Аргентина е пред нов тежок предизвик на Светското првенство, битка со Хрватска во која победникот оди во големото финале.

Големи се очекувањата од овој меч, а кога се во прашање „гаучосите“ повторно се очекува главниот збор да го има капитенот Лионел Меси, да направи магија, потег со кој ќе ги излуди противниците, гол, асистенција и со тоа да се исполни посакуваната цел.

Додека се чека дуелот кој се игра од 20 часот се уште се говори за тоа што Лео го направи во четвртфиналето против Холандија каде забележа гол, асистенција, но се закачи и со селекторот Луи Ван Гал како и со некој од противничките играчи.

-Ми се допадна реакцијата на Меси на крајот, со неговите прослави и што и да му рече на Ван Гал кога ќе му потоа му пријде. Лутиот Меси е нешто што сакаме да го гледаме. Ме потсети малку на Диего Марадона – таков карактер – и тоа не е лошо кога се обидуваш да освоиш Светско првенство, -рече Пабло Забалета кој добро го познава асот на ПСЖ.

-Меси го води овој тим полн со млади играчи кои го имаат своето прво искуство на овој турнир, а на секоја слика што ја гледам како излегува од тунелот, сите се зад него како да се негови телохранители. Дури и на теренот, сите тие се борат за Меси и го штитат. Знам од играњето со него дека тој чувствува дека мора да ги постави стандардите и да води со пример, но знам и колку мора да ужива во секоја минута од ова Светско првенство, знаејќи дека ги има сите веднаш зад себе.

-Тој отсекогаш бил главен играч, па така беше и во 2014 година кога бев во тимот на Аргентина кој стигна до финалето – но тој тогаш имаше 27, а не 35. Разликата сега е дека ова му е последна шанса – неговиот последен танц, ако сакате – на крајот од кариерата. Тоа прави сè да се чувствува поитно и тоа се гледа од нашите настапи. Би било поспецијално ако тој конечно го освои Светското првенство, но исто така има и голем притисок врз тимот поради тоа што значи неуспех овој пат – едноставно, тоа значи крај на неговиот сон. -истакна некогашниот фудбалер на Сити, Вест Хем, Сан Лоренцо и Еспањол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни