Поврзете се со нас

Балкан

Вучиќ: Хрватска е зад нас 20 години, Црвена Звезда повторно е клуб број еден во регионот

Објавено

на

Foto:instagram.com/buducnostsrbijeav

Александар Вучиќ како претседател на Србија е инволвиран во најважните спортски случувања кај нашиот сосед, па често дава изјави за вечното ривалство кое го имаат „орлите“ со Хрватска.

Репрезентацијата на Хрватска со децении наназад е најдобра од Балканот и оствари историски успеси на последните два мундијали, но Вучиќ смета дека „коцкестите“ се далеку од Србите во кошарката, а полека приматот на најдобар клуб во регионот се вратил кај Црвена Звезда.

– Мора да се признае дека репрезентативниот фудбал сериозни ни заостанува зад хрватскиот. Но, кога е во прашање кошарката, тука нема дискусии. Имаме два тима со фајнал фор во Лигата на Европа, навистина многу разбирам кошарка и треба за седум или осум месеци да завршам факултет за да бидам тренер. Србија вложи многу парти во Црвена Звезда и Партизан.

– Ние сме небо и земја во споредба со Хрватска кога е во прашање кошарката. Тие имаат таленти, но немаат школа како нас, не вложуваат во кошарката. Никогаш нема да не стигнат, барем не во наредните 20 години.

– Инаку, се случи промена и на клупски план. Динамо со години беше прв во регионот, по распадот на Југославија, Динамо е тој кој доминираше. Динамо го имаше Здравко мамиќ кој создаде голем клуб, но денеска Црвена Звезда повторно е пред Динамо и се се врати на свое место, онаму кадешто припаѓа, – вели Вучиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни