Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Беса киксна во Струмица, Пелистер ја намали разликата

Објавено

на

Foto:facebook.com/FC.PelisterBitola

Натпреварите од 17-то коло во Втората македонска фудаблска лига донесоа едно големо изненадување, бидејќи првопласиранта Беса беше сопрена на гостувањето во Струмица.

Беласица се покажа како незгоден ривал за лидерот на табелата и успеа да освои бод во пресметката која заврши 1:1, а тоа секако беше мотив плус за Пелистер да ја продолжи победничката серија.

„Зелено-белите“ имаа сериозна намера да се вратат во македонската фудбалска елита и тоа го потврдуваат со втората победа во вториот дел од сезоната, или вкупно шеста ако се бројат триумфите од првиот дел од шампионатот.

Битолчани успеаја да победат против Новаци во градското дерби со резултат 1:3, па сега ја намалија негативата на пет бода во однос на Беса.

Триумф денеска оствари и третопласираниот Детонит, кој на домашен терен славеше над Скопје со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни