Италија
Влаховиќ му се поклони на најпотценетиот напаѓач: Тој е фудбалски гигант
Душан Влаховиќ значително ги поправи своите бројки во актуелната натпреварувачка сезона и заличи на играчот за кој Јувентус плати огромна сума на пари, но добрите индивидуални партии сепак не се гаранција за тимски успех.
Јувентус остана далеку од трофејот во Серија А и како единствена опција за титула останува битката за Купот, а токму тоа е она што го мотивира Србинот до крајот на сезоната.
– Би било извонредно да ја завршиме сезоната со место во Лигата на шампионите и со титулата во Купот. Сепак, дури и да ги отвариме тие две цели, не можеме да бидеме целосно задоволни. Менталитетот на клубот е поинаков и мора да ја погледнеме историјата на Јувентус. Имавме можност да се бориме за Скудетото, но се боревме само до февруари, а тоа не е доволно. Жалиме за некои работи, но сепак имаме важни натпревари до крајот и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто, – вели Србинот во интервјуто за „Лекип“.
Во долгиот разговор, голгетерот на Јуве говори и за своите идоли и за играчот на Милан кој навистина го почитува, како и за ѕвезди како Нејмар, Меси и Азар кои целосно се разликуваат од неговиот стил на игра.
– Го следев Кристијано Роналдо во Јунајтед и тој беше мој идол. Ги сакав неговите движења и убиствениот инстинкт, тој е еден од најдобрите во историјата. Исто така многу го сакав Ибрахимовиќ, како и Фернандо Торе со неговата долга коса од времето во Ливерпул. Го обожавав и Карим Бензема, а сега ми се допаѓа Мбапе. Има 25 години, а освои речиси се. Исто така, ќе кажам дека Жиру е фудбалски гигант, сите ја гледаат само статистиката, но тој е неверојатно важен како играч.
– Франција стана светски шампион во 2018-та година, Жиру не постигна ниту еден гол, но Франција немаше да биде првак без него. Тој ја работеше цела валкана работа во нападот, ги притискаше одбраните, правеше простор за своите играчи. Сакам играчи како него, бидејчи јас не сум како Нејмар, Азар или Меси. Јас не сум играч за кој ќе застанете и ќе кажете „Уау“. Како и да е, напаѓачот е клучен фактор во секој тим, ако напаѓачот игра добро, тогаш и тимот е добар, – вели Влаховиќ.
Токму Жиру е фудбалерот кој многумина го сметаат за најпотценет од јавноста во изминатата фудбалска деценија, а тоа мислење очигледно го дели и Србинот кој повторно ги решета мрежите во италијанскиот фудбал.
-
НБАпред 10 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
НБАпред 22 часа
Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа
-
Шпанијапред 8 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Светпред 5 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Италијапред 24 часа
Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт
-
Англијапред 23 часа
Невил за „траумите“ од тренерското искуство во Ла Лига: Тој не сакаше ни да се ракува со мене
-
Балканпред 21 час
Црвена Звезда ја потврди седмата титула по ред во српското првенство
-
НБАпред 23 часа
Газдите на Филаделфија купиле билети за да спречат присуство на фанови на Њујорк на шестиот дуел од серијата