Боречки спортови
Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои сребро на Европското карате-првенство
Сребрен медал за Витомир Трајковски од „Макпетрол“ на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија. На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.
Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје.
Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми. Тој освои сребрен медал по нерешениот резултат од 3-3 во финалната борба. Ерменецот Гор Нерсисјан победи со прв земен поен во натпреварот.
Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството. Тој ги оствари следните резултати против: Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0, Никита Сахвон (неутрален) 6-1. Членот на карате клубот „Макпетрол“ во полуфиналето беше подобар од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.
-
АТПпред 22 часа
Синер ги разочара италијанските фанови: Навистина ми е тешко што го пишувам ова (Фото)
-
Шпанијапред 20 часа
Чави: Ова е резиме на сезоната, мора да се променат многу работи за да се бориме со Реал!
-
Светпред 24 часа
Миовски стрелаше и донесе победа за Абердин (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Крос предвреме почна да ја слави титулата, па му се придружија и сите останати соиграчи од Реал (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти објасни зошто играчите на Реал нема да ја слават титула со навивачите на „Сибелес“
-
Светпред 19 часа
Роналдо постигна перфектен хет-трик, трет на последните шест меча! (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Арда им продаде фудбалски деликатес на двајца противнички фудбалери, па доби стоечки овации од „Бернабеу“ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Халанд постигна четири гола за победа на Сити, па му се налути на Гвардиола (Видео)