Поврзете се со нас

ВТА

Вирално видео: Сабаленка остана без трофејот на Ју-Ес Опен и го искрши рекетот во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/usopen

Арина Сабаленка имаше водство по првиот сет во финалето на Ју-Ес Опен, но успеа да ја прокоцка таа предност и го загуби финалето од помладата Коко Гоф.

Белоруската тенисерка мораше да игра и против домашната публика во Њујорк, која очекувано застана на страната на Американката, па не успеа да се врати во препознатливата форма по средината на вториот сет.

На крајот, Гоф стигна до грен-слем титулата, а Сабаленка мораше да се утеши со пласманот во финалето и преземањето на првото место на ВТА ранкингот.

Она што до вчера беше непознато, а сега се претвори во вирално видео, е нејзиниот потег во соблекувалната, направен очигледно по церемонијата на која го доби трофејот за второто место. Сабаленка го искрши рекетот и го фрли во најблиската канта, а реакцијата сега ја видоа сите тениски фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни