Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус се исмева со играч на Барса: Мислеше дека е Џуд Белингам (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор не ја прифати добро одлуката на Карло Анчелоти да го повлече од игра за завршницата од „Ел Класико“, но на крајот испадна дека Италијанецот донесе правилен избор бидејќи Реал со свежи сили создаде уште една шанса за победа.

„Кралевите“ победија со 3:2 и практично ја заверија титулата во шпанската Ла Лига, а поради нетрпеливоста и големото ривалство, очекувани беа сцените по последниот судиски свиреж.

Играчите на Реал Мадрид практично славеа како веќе да го освоија трофејот, но реакциите продолжија и на социјалните мрежи, каде во фокусот се најде токму Винисиус.

Бразилецот реши да му се постмева на стрелецот на вториот гол за Барса, односно на прославата која ја режираше Фермин на „Сантијаго Бернабеу“.

Играчот за врска се збуни при прославата и не знаеше што точно сака да направи, а Винисиус реши да му се постмева на ироничната објава на која го пишуваше следното:

– Мислеше дека е Џуд Белингам……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни