Поврзете се со нас

Репрезентација

Велковски си пронајде нов клуб на стартот на новата година (Фото)

Објавено

на

Дарко Велковски остава зад себе лош период во кариерата откако беше прецртан од страна на Стивен Џерард во Ал Етифак, па така македонскиот репрезентативец остана без ангажман во првиот дел од сезоната.

Стоперот бараше нова средина веќе некое време, а на стартот на новата 2024-та година сепак доби добри вести и си пронајде средина во која ќе може да ја пронајде најдобрата форма.

Негова следна дестинација е Романија, или поточно Динамо Букурешт, клуб кој вечерва официјално објави дека дефанзивецот му се приклучува на тимот кој го води Жељко Копиќ.

– Централниот бек Дарко Велковски (28) е нов играч на нашиот клуб. Велковски има 48 настапи за репрезентацијата на Македонија, постигна три гола и настапи на трите натпревари на Европското првенство. Велковски ќе се приклучи на тимот предводен од Жељко Копиќ на подготовките во Анталија, – објави клубот.

Динамо потфрли во првиот дел од сезоната и се наоѓа на претпоследното место на табелата, па јасно е дека цел на Велковски и новите соиграчи ќе биде да обезбедат опстанок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни