Поврзете се со нас

Македонија

Вардар доби уште едно ново засилување

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 денеска без проблеми ја совлада Струга со 35-22 во последниот меч од основниот дел на првата македонска лига, средба на која можевме да го забележиме најновото засилување на актуелниот македнски шампион.

Име пред неколку дена нов играч на „црвено-црните“ стана бекот Стефан Додиќ кој пристигна од Охрид за да сега од Металург во „Јане Сандански“ пристигне Костадин Петров.

Петров има 29 години и ја покрива позицијата кружен напаѓач, односно сега ќе биде дел од четворката заедно со Стојанче Стоилов, Жереми Тото и Патрик Валчак.

Петров е македонски репрезентативец кој во кариерата освен во Македонија има настапувано во Шпанија и Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни