Поврзете се со нас

Свет

Уште едно одлично издание: Расположениот Хап донесе победа за Гран Канарија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/GranCanariaCB

Американецот со македонски пасош, Итан Хап имаше уште едно одлично издание во шпанскиот кошаркарски шампионат во дресот на Гран Канарија.

Центарот блескаше во соочувањето со Бреоган кое гостите на драматичен начин по дополнителните пет минути го добија со 77:70. Во фокусот беше токму Хап кој беше прв стрелец со 21 поен на кои придодаде 6 скока со 2 асистенции.

Најголема поддршка му беше Брусино со 17 поени, односно Гран Канарија со помош на овие двајца дојде до 19 славје во 30 меч во АЦБ лигата.

Во моментов тоа е доволно за шесто место на табелата.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни