Поврзете се со нас

Светски првенства

Уникатно видео од трибината: Како Меси го „измести“ Гвардиол

Објавено

на

Лионел Меси го постигна петтиот гол на шестиот натпревар кој го одигра на овој фудбалски мундијал, но покрај погодокот, режираше и една вонсериска асистенција на која претходеше еден негов извонреден дриблинг.

Капитенот на Аргентина беше максимално расположен за игра и против Хрватска, па своето добро издание го искористи за да презентира и еден дриблинг како во деновите кога беше во најдобра форма.

Негова жртва беше најдобриот хрватски дефанзивец на овој мундијал, талентираниот Јошко Гвардиол кој едноставно не успеа да најде решение за потезите на Меси.

Лео го „измести“ Јошко со лажно движење и дриблингот го заокружи со точно додавање до Хулијан Алварез, кој без проблеми ги постави конечните 3:0.

Овој гол беше убедливо најубав во полуфиналето, а истиот стана вирален и поради едно уникатно видео која ја доловува цела магија од трибината на „Лусаил“ стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни