Поврзете се со нас

Светски првенства

Тухел за големата утка на Вернер против Македонија: Ако жена…(ВИДЕО)

Објавено

на

Тимо Вернер беше еден од играчите кој го одбележаа дуелот меѓу Германија и Македонија од квалификациите за Светското првенство и тоа со неговата голема утка при резултат 1-1, промашување кое на крајот многу ја чинеше неговата репрезентација затоа што ние дадовме гол преки Елиф Елмас и остваривме голема, историска победа во Дуизбург (2-1).

Напаѓачот за ова свое издание и промашување доби големи критики на негова адреса, имаше многу сеир на негова сметка, а ова го забележа тренерот на Челси, Томас Тухел кој одлучи цврсто да застане и да му даде максимална поддршка на Вернер кој се мачи со голови во сезоната 2020/2021.

-Како прво тоа беше лошо додавање со Гундоган. Така јас гледам на тоа, не се шегувам. Секако, тој ја пропушта таа шанса и сите страсно зборуваат за тоа, тоа е досадно. Сега Вернер е во центарот на вниманието, како треба да игра, не беше стартер трипати за Германија, па ако имаше повеќе минути ќе дадеше повеќе голови. Лесно е да се впери прстот кон Вернер, тоа не можам да го разберам.

-Среќен сум што тој е тука во моментот бидејќи тука е заштитен. Бараме многу од него и добиваме многу од него. Најдоброто нешто е да ја гледате ситуацијата искрено, да не се фокусирате на лошите работи, но искрено да ја гледате.

-Да, тој е во момент кога му недостасува самодоверба и каде работите не се премногу лесни. Тој сепак дава голови за нас. Тој има асистенции за нас, изнудува пенали за нас. Значи, ако ова е најкритичната точка во вашата кариера, сепак можете да го прифатите и да кажете: „добро, досега е прилично импресивно.

-Јас верувам и се надевам дека и тој го прави истото. Зборувам со него за тоа. Ова момче никогаш не престана да постигнува погодоци од својата петта година, па може да верува дека неговиот мозок и неговиот тело знаат што треба да прават. За него е апсолутно вообичаено да дава голови.

-Значи, ќе се врати. Прашање е само на време. Но, многу е полесно да се каже отколку да се направи, бидејќи тоа е моментот да не размислувате, да не читате за тоа, па дури и да тренирате дополнително. Вчера го испратив од тренинг затоа што тој сакаше да работи на завршницата. Јас само го испратив внатре.

-Му кажав: Не ти треба тоа, твоето тело, мозокот знае да даде гол. Го правиш тоа од шест години, затоа не се грижете, ќе дојде.  Ако жена не сака да излезе со вас на вечера, вие не можете да ја присилите, само чекор поназад и можеби таа ќе ве повика. Значи, погодоците ќе дојдат, утре ќе биде стартер, -истакна Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни