Поврзете се со нас

Англија

Тухел нема да моли за нови засилувања, туку ќе ги чека своите играчи: Видете го Ливерпул

Објавено

на

Тренерот на Челси, Томас Тухел истакна дека нема да моли и нема да притиска за нови засилувања на „Стемфорд Бриџ“ во јануарскиот преоден рок.

Изминативе неколку недели Челси потфрли со формата и според многумина ги загуби и теоретските шанси за освојување на титулата во Премиер лигата.

Причината за тоа е ограничениот играчки капацитет кој беше и тоа како намален поради проблемите со коронавирусот, повредите и настапите на играчите на Челси на Купот на нациите во Африка.

Тухел смета дека и покрај тоа не му требаат засилувата, туку враќањето на играчите кои му недостигаат за него би било како да добие засилувања.

– Секако дека треба да напредуваме, но доколку ме прашуваш дали ни требаат нови фудбалери, сметам дека нас само ни е потребен целосниот наш тим.

– Дали Ливерпул беше во игра за титулата лани? Не. Единствената разлика од сега е тоа што им фалеше Вирџил Ван Дајк. Многу пати сум кажал дека клучните играчи се клучни затоа што можат да се снајдат во секоја прилика и имаат посебен начин на кој се однесуваат.

– Нашиот тим е силен тим и ми се допаѓа амбицијата. Ми се допаѓа и посветеноста со која играчите играат. Се уште сме храбри и се уште сме во добра трка, па може да му верувате на секој еден кој е на теренот, -заклучи Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни