НБА
Трипл-дабл изданија на Дончиќ и Јокиќ, Кари со нова 40+ партија (ВИДЕО)

Балканските ѕвезди, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ одново имаа мајсторски изданија во НБА лигата, трипл-дабл партии со кои им овозможија нови победи на нивните Денвер Нагетс и Далас Маверикс.
Актуелниот шампион беше подобар од Јута Џез со 110-102 и со тоа го задржа максималниот учинок и по четири натпревари во кампањата 2023/2024. Јокиќ беше во прв план со 27 поени, 10 скокови и 11 асистенции, најголема поддршка му беа Гордон и Мареј кои заедно искомбинираа 39 кошеви.
Најсветла точка кај Јута стандардно беше Марканен со 27 поени.
Дончиќ пак „испука“ 35 поени со 12 скокови и исто толку асистенции во соочувањето со Мемфис Гризлис на кое клубот од Тексас обезбеди триумф од 125:110. Словенецот е третиот играч по Оскар Робертсон (3) и Расел Вестбрук (2) со повеќе трипл-дабл учиноци по три натпревари во сезоната.
Стеф Кари имаше ново шоу, нова 40+ партија со која му обезбеди славје на Голден Стејт против Њу Орлеанс Пеликанс. „Воините“ победија со 130:102 во меч во кој Кари имаше 42 поени со 5 скока и 5 асистенции. Пол и Џексон-Дејвис со по 13 кошеви беа втори стрелци што доволно говори што плејмејкерот направи на овој дуел за славје за поранешниот шампион.
Резултати:
Шарлот – Бруклин 121-133
Индијана – Чикаго 105-112
Вашингтон – Бостон 107-126
Атланта – Минесота 127-113
Торонто – Портланд 91-99
Мемфис – Далас 125-110
Милвоки – Мајами 122-114
Њу Орлеанс – Голден стејт 102-130
Оклахома – Детроит 124-112
Денвер – Јута 110-102
ЛА Лејкерс – Орландо 106-103
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча