Поврзете се со нас

Балкан

Тричко го матираше Шишковски за победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/AEKLARNACAOFFICIAL

Иван Тричковски славеше над Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски во македонската пресметка во првата лига на Кипар.

Составот на АЕК Ларнака со пресврт во вториот дел славеше над Докса со 2-1 со тоа што голот вреден три бода за домаќините беше дело на поранешниот македонски репрезентативец.

Популарниот Тричко се најде на вистинското место во 82 минута и го матираше Шишковски за голема радост на трибините. Напаѓачот погоди и на претходниот дуел со Етникос Ахна што значи дека е во добра форма во финишот на оваа календарска година.

Со 29 бода АЕК е на 6 позиција на табелата, Докса со 4 е на последното место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни