Поврзете се со нас

НБА

Тренерите на Далас научија лекција: Не се обложувајте против Лука Дончиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ имаше кошаркарска симултанка против Сан Антонио и го заврши мечот со трипл-дабл учинок од 39 поени, 12 скокови и 10 асистенци, но неверојатниот Словенец им зададе тешка задача и на своите соработници.

Увертирата за мечот донесе уште едно оригинално видео од загревањата на маестро Лука, кој овојпат се обложи со помошниците на Далас за обид од половина терен.

Дончиќ пред извесно време импресионираше со фудбалската асистенција која ја изведе за време на загревањето, а овојпат го доби облогот со вработените тренери во Далас.

Лука успеа да погоди од половина терен свртен со грб кон кошот, а тоа го направи од својот прв обид.

Откако ја погоди целта, Дончиќ се сврте кон тренерите и побара од нив да си ја исплатат казната, односно да направат неколку склекови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни