Поврзете се со нас

АТП

Тони: Пред Надал се уште две-три добри сезони

Објавено

на

Рафаел Надал нема по добро да ја памети оваа календарска година во која не успеа да освои ниту еден грен слем трофеј, а мораше и предвеме да ја заврши сезоната поради проблемот со стапалото.

Многумина воедно се скектични што Шпанецот може да направи во иднина, поточно дали ќе може да се врати во препознатливото светло и да триумфира на најголемата сцена со оглед на тоа што годините го стигаат, а тука се и повредите.

Тони Надал е човекот кој многу добро го познава Рафа, па според него пред бикот од Мајорка се уште неколку одлични години.

-Мислам дека ќе се опорави. Јас сум оптимист, чувствувам дека 2022 година би можела да биде успешна. Верувам дека пред него се уште две -три добри сезони, но како што минува времето, станува се потешко, -рече Тони кој запрашан за новата генерација кратко искоментира:

-Кога играат на највисоко ниво, можат да се натпреваруваат со големата тројка. Проблемот е што играат лошо кога нивото им паѓа, не успеваат да го одржат долго време. Кој е постојан ќе биде доминантен, -порача шпанскиот тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни