Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ му го нанесе првиот пораз на Академик Пловдив во БИБЛ лигата

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ Скопје славеа над Академик Пловдив со 86-81 во мечот од четвртото коло во БИБЛ лигата.

Нашиот претставник одигра квалитетно низ сите 40 минути, сите четири четвртини и сосема заслужено дојде до вториот триумф во досегашниот дел од ова натпреварување.

Со ова победа ТФТ воедно му се одмазди на Академик Пловдив во Скопје, односно му го нанасе првиот пораз на бугарскиот состав во БИБЛ.

Најдобар стрелец беше Маслинко со 18 поени и 6 скокови, Николов додаде 15 кошеви, додека искусниот Костоски имаше 12 поени и 9 асистенции. Кај поразените се истакна Гугино со дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скокови.

Следниот меч за клубот од Тафталиџе е против Берое.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни