Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за неефикасниот Јунајтед: Се надевам…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед дојде до заслужена победа на дуелот против Омонија во Лига Европа, победа која беше остварена длабоко во судиското продолжение со погодокот кој беше дело на Скот Мектоминеј.

Премиерлигашот упати преку 30 удари кон голот на противникот, ама не успеа да го скрши се до 93 минута кога шкотскиот репрезентативец го пронајде патот до мрежата на гостите за радост на „Олд Трафорд“.

Оваа неефикасност на екипата донесе прашања за менаџерот Ерик Тен Хаг кој не е загрижен и кој се надева дека погодоците ќе се пристигнат, односно ќе бидат дадени во мечевите кои престојат.

-Секогаш има тешкотии против тим кој е толку компактен. Потребна ни е голема брзина на игра, за да го задржиме темпото на топката. Кога создавате толку многу шанси против компактен противник, тоа не е лошо. Знам каков е фудбалот.

– Веќе постигнавме толку многу голови. На секој натпревар постигнувавме гол и ќе продолжиме да го правиме тоа. Не сум загрижен за ова. Се надевам дека ги зачувавме головите за следната недела. Морам да му дадам комплимент на тимот. Тие продолжија да се наоѓаат на вистинските позиции, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни