Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг со коментар за ѕвездата на Јунајтед која им се потсмеваше на играчите на Ковентри

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг се соочи со навистина чуден тек на настани на вчерашното полуфинале на „Вембли“ и мораше да гледа како неговиот тим испушта предност од 3:0, за на крајот да има и малку среќа за да се пласира во големото финале во ФА Купот.

Ковентри сериозно ги шокираше „ѓаволите“ и се врати од три гола негатива, но иако постигна и четврти гол, второлигашот на крајот остана без историска победа поради корекција од ВАР собата.

Погодокот во 121-та минута беше поништен поради офсајд, по што Јунајтед беше подобар во пенал рулетот и втора година по ред закажа финална пресметка со градскиот ривал од Манчестер.

Тен Хаг веќе мисли на пресметката која ќе ја има со тимот на Пеп Гвардиола, но по полуфиналето мораше да го коментира и ужасниот потег на Антони, кој реши да се потсмева со играчите на Ковентри веднаш по пеналот за победа кој го реализираше Хојлунд.

– Не видов што направил Антони, па затоа не можам да бидам точен и директен на таа тема. Сепак, сакам да нагласам дека ние како клуб имаме огромна почит кон Ковентри, им честитаме за тоа што го одиграа во полуфиналето.

– Исто така, сакам да потенцирам дека нашите перформанси беа многу добри цели 70 минути. Потоа имавме голем пад, но покажавме карактер и истрајност и на крајот се најдовме во финалето. Емоциите се измешани, среќни сме од остварениот успех, бидејќи пласманот во финалето не е мала работа. Сега мора да победиме во тоа финале со Сити, ако играме и дадеме 100 посто од себе, можеме да го победиме Сити. Сигурен сум дека имаме добра шанса во финалето, иако играме против најдобриот тим во светот. Имавме подеми и падови и сакаме да ја завршиме сезоната со освоен трофеј, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни