Поврзете се со нас

Германија

Тажен ден за германскиот фудбал: Почина легендарниот „бомбардер“ Герд Милер

Објавено

на

Семејството на Герд Милер и неговиот поранешен клуб Баерн Минхен денеска потврдија дека легендарниот германски фудбалер починал на 75-годишна возраст.

Напаѓачот кој беше страв и трепет за противничките екипи пред неколку децении, ќе остане запаметен како голема легенда на Баерн Минхен, германската репрезентација, но и еден од најплодните голгетери на светската фудбалска сцена.

– Денес е тажен, црн ден за Баерн и сите негови фанови. Герд Милер е најголемиот напаѓач кој играл за овој клуб и личност која беше заштитен знак за фудбалот. Сочувство до неговата сопруга и целата фамилија, а Баерн никогаш немаше да биде клуб каков што е денес без придонесот на Милер, истакна Херберт Хајнер, претседателот на Баварците.

Милер беше дел од генерацијата која освои три европски титули по ред, а со Германија стана европски шампион во 1972 и светски шампион во 1974 година.

Неговото семејство уште во 2015 година објави дека легендарниот фудбалер боледува од Алцхајмер, а последната година ја мина во тешка состојба и со минимална комуникација со најблиските.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни