Поврзете се со нас

Македонија

Татабања „украде“ четири играчи на Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Унгарскиот прволигаш Татабања пред неколку дена го победи Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ за да денеска се пофали со уште еден триумф над македонскиот клуб од кого успеа да „украде“ четири играчи.

Имено од наредната сезона за Татабања ќе играат Немања Обрадовиќ, Матео Мараш, Јосип Периќ и голманот Мартон Секељи. Клубот од Унгарија прво ги потврди ангажманите на Обрадовиќ и Мараш за да вечерва ги објави трансферите на Периќ и Секељи, асови за кои ова ќе биде враќање на добро познато место.

Останува сега да се види какви потези ќе повлече клубот од Битола, односно ќе биде интересно да се види како ќе изгледа во наредната кампања составор предводен од Жељко Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни