Поврзете се со нас

Светски првенства

Светските шампиони слетаа во Аргентина, Паредес за малку ќе настрадаше (ВИДЕО)

Објавено

на

Аргентинската фудбалска репрезентација слета во Буенос Аирес во раните утрински часови, но без разлика на времето доста луѓе се појавија да ги подрават новите светски шампиони пред главната прослава која следи во текот на денот.

Избраниците на Скалони ќе се одморат, преспијат во тренинг центарот Езеиза по што ќе дојде на ред главната забава.

Во меѓувреме Меси и компанија беа поздравени од доста сонародници со оглед на тоа што патувањето до зацртната дестинација беше со отворен автобус, но тоа во еден момент донесе голем проблем поради одредени кабли.

Ди Марија, Меси, Отаменди, Де Пол и Паредес беа на задниот дел од автобусот и многу доцна го забележаа кабелот, па Паредес остана и без своето капче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни