Поврзете се со нас

Франција

„Светците“ добија дефанзивец за 20 милиони евра: ПСЖ ја отвори новата година со прво јануарско засилување (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Луис Енрике сметаше дека неговиот тим е некомплетен и побара засилувања од управата во јануарскиот преоден рок, а веќе во првиот ден од Новата година го доби првото засилување.

ПСЖ денеска го потврди ангажманот на Лукас Бералдо кој доаѓа од редовите на Сао Пауло, фудбалер кој игра во одбраната и кој треба да ја зголеми конкуренцијата во првиот тим на Лучо.

Како што јавуваат најугледните француски медиуми, ПСЖ исплатил 20 милиони евра за трансферот на талентираниот дефанзивец кој по природа игра на стоперските позиции.

– Пари Сен Жермен со задоволство го пречекува Лукас Бералдо. 20-годишниот бразилски дефанзивец ќе го носи бројот 35 и потпиша петгодишен договор со клубот, – објавија „светците“.

Бералдо е веќе во Париз и во најскоро време ќе се приклучи на тренинзите, а можно е да дебитира веќе на 14-ти јануари против Ленс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни