Поврзете се со нас

ВТА

Стоилковска и Данева загубија на фјчурсот во Скопје, Ѓорческа елиминирана во двојки

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Во Скопје се игра фјучрс турнирот „Триглав Опен“ на кој македонските тенисерки не се прославија во денешните натпревари.

Стоилковска не успеа да направи изненадување и загуби од Лексие Стивенс од Холандија (505 место) со 2-0 в0 сетови. Магдалена се убидуваше да и се спротистави на Холанѓанката, но немаше сили за нешто повеќе и мораше да се задоволи со пораз по еден ипол час игра од 6-3 и 6-3.

17-годишната Ива Данева пак се соочи со Русинката Ксенија Ласкутова и загуби со 6-0 и 6-1 по еден час игра.

Свој настап во игра на двојки имаше Лина Ѓорческа која заедно со Деа Херџелаш (БиХ) беа изненадени од претставничките на Грција, Елени Кристофи и Димитра Павлу.

Елени и Димитра тргнаа со 6-3, Лина и Деа возвратија со 6-2 за да во решавачката битка резултатот биде 10-7.

Инаку ова е турнир кој се игра за награден фонд од 40.000 американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни