Поврзете се со нас

Македонија

Србинот Симиќ назначен за нов генерален директор на Брера Струмица: Покана од Пандев не се одбива!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Екипата на АП Брера Струмица го назначи Јован Симиќ за нов генерален директор.

Србинот доаѓа од Белрад, има повеќегодишно искуство со кое треба да му помогне на нашиот прволигаш. Тој го има сновано клубот „Миљаковац“, работел и во Вождовац, а во својата кариера бил член на Олимпискиот комитет Србија, но и на Фудбалскиот сојуз на Белград при што стекнал искуство и за УЕФА натпреварите.

-Кога ќе стигне покана од Горан Панде, не прашувате ништо друго освен за колку време треба да дојдам. Драго ми е што Горан и останатите сопственици, семејството Алеоти препознаа во мене, некој што ќе може овој комплексен проект, кој расте секој ден, да го надогради за да стане подобар. Клубот е стабилен, има добра сопственичка структура, одлични ресурси и луѓе кои работат овде и сакаме сето тоа да го професионализираме но и да ги подигнеме стандардите во Македонскиот фудбал како на организационен и логистички, така и на резултатски план.

-Доаѓам во клуб кој во моментов е на врвот од табелата и се надевам дека ќе продолжиме со добри резултати. Клубот има огромен потенцијал и сметам дека не само во Македонија туку и во регионот може да стане уште попрепознатлив, подигнувајки го нивото на работа во секоја смисла, -порача Симиќ кој се радува што ќе работи во Струмица во средина каде има позитивна енергија и луѓе жедни за високи резултати и нова ера во мак фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни