Поврзете се со нас

Италија

„Скај“ ги откри зборовите на Мората поради кои доби директен црвен картон по разочарувачкото реми

Објавено

на

Јувентус имаше уште едно разочарувачко издание во Серија А и не успеа да го победи Беневентно на гостински терен, натпревар на кој тренерот Андреа Пирло одлучи да му даде одмор на својот најдобар играч.

Тренерот на Јувентус беше дециден кога нагласи дека италијанскиот првак мора да научи да победува и без Кристијано Роналдо во тимот, откако вчера Андреа процени дека е најдобар момент за да се одмори играчот кој има постигнато половина од головите на „старата дама“ во 2020-та година.

Во негово отсуство, Алваро Мората беше човекот кој го постгина голот во ремито од 1:1, но исто така и играчот кој предизвика многу реакции по крајот на мечот.

ВЕднаш по последниот свиреж, судијата Фабрицио Пасква извади црвен картон и му го покажа на напаѓачот на Јувентус, кој во продолжение не можеше да прифати дека беше исклучен и бараше објаснување кое не го доби.

Сега угледниот „Скај“ го реконструираше инцидентот кој се случи веднаш по последниот судиски свиреж, обелоденувајќи дека Алваро заработил директен црвен картон поради следните зборови:

– Тоа беше засрамувачки пенал кој не го досуди, – порачал Мората, јасно алудирајќи на дуелот од 92-та минута кога Де Лихт гласно бараше пенал за влечење во шеснаесетникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни