Поврзете се со нас

НБА

Шек со прогноза за плејоф битките во НБА лигата, Лејкерс ќе го елиминира шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SHAQ

Официјално се комплетирани сите плејоф битки во НБА лигата, фаза која започнува денеска со дуелот во Кливленд меѓу Кавалирс и Орландо Меџик.

Се очекува сите пресметки на Истокот и Западот да бидат интересни, возбудливи, да донесат квалитетна и борбена кошарка, а во пресрет на истите легендарните Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смет заедно со водителот Ерни Џонсон имаа можност да дадат прогноза за тоа кој ќе мине во наредната фаза.

Шек на истокот ги избра Бостон, Филаделфија, Индијана и Орландо, додека на западот според него првата рунда ќе ја поминат Оклахома, Далас, Минесота и Лејкерс кои според него ќе му пресудат на актуелниот шампион Лејкерс.

Баркли имаше ист избор за Истокот, додека на другата страна ги избра ОКЦ, Денвер, Далас и Феникс.

Смит типуваше на Бостон, Њујорк, Милвоки, Кливленд, Оклахома, Денвер, Минесота и Клиперс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни