Поврзете се со нас

НБА

Шек повторно проба да говори на српски јазик, Богдановиќ му порача: Браво, се подобруваш (ВИДЕО)

Објавено

на

Атланта Хокс и без услугите на својот најдобар играч Тре Јанг му одржа лекција на Милвоки Бакс и израмни на 2-2 во финалната серија во источната конференција.

Еден од најдобрите на теренот беше Богдан Богдановиќ кој даде шест тројки или вкупно 20 поени со 5 скокови и 4 асистенции, па сосема заслужено се најде во фокусот на вниманието и имаше можност да разговара со екипата на ТНТ од која дел е и легендарниот Шекил О’Нил.

Шек како и во некои други ситуации со играчите од овие простори како Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Лука Дончиќ, Бојан Богдановиќ…се обиде да говори на јазикот од државата од која доаѓаат, па веднаш го поздрави некогашниот ас на Партизан и Фенербахче со следниве зборови.

-Одрична игра, -рече О’Нил на што свој коментар имаше Богдановиќ.

-Браво Шек, ти се подобруваш,-рече Србинот и ги изнасмеа сите во студиото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни