Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Седлоски: Со една нога сме во следната рунда, ќе бидеме подготвени и за реваншот

Објавено

на

Македонскиот првак Шкупи имаше одличен почеток на квалификациите во Лигата на шампионите каде успеа да оствари висока победа над Линколн од 3-0, победа која го носи многу блиску до наредната фаза во ова натпреварување.

Клубот од Чаир даде два гола во првиот дел, потоа гостите од Гибралтар си дадоа и автогол, па тоа го стави Шпупи во одлична позиција пред реваншот закажан за 12 јули.

-Честитки за играчите. Знаев дека пред нас има добар тим пред себе кој лани играше Конференциска лига, но тоа што јас го барав од моите фудбалери го исполнија, иако игравме 40-на минути со десетмина, не дадовме четврти гол, иако имавме шанси.

-Сепак ништо не е готово, ќе се спремаме за реваншот иако со една нога сме во следната фаза. Мора да се подготвиме максимално и за реваншот. Ние ништо не сме направиле ако се браниме 95 минути на него, ќе тренираме на вештачка трева, имам информации дека е незгоден теренот, но ќе бидеме подготвени, -порача тренерот Гоце Седлоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни