Поврзете се со нас

Англија

Салах донесе триумф за „црвените“ во Мерсисајд дербито, Ливерпул е нов лидер во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Ливерпул изборија победа над Евертон со 2-0 во Мерсисајд дербито со кое беше отворено 9. коло во Премиер лигата.

Домаќините беа далеку подобар, поконретен ривал на ова соочување на кое имаа и играч повеќе од 37 минута кога поради втор жолт картон беше исклучен ветеранот Ешли Јанг.

Меѓутоа и покрај оваа бројчана предност на теренот, избраниците на Јирген Клоп мораа добро да се потрудат, испотат за да дојдат до посакуваниот резултат. Во 75 минута „црвените“ добија пенал откако со рака во казнениот простор играше Кин, одговорноста ја презема Салах кој биеше прецизно за ерупција на „Енфилд Роуд“.

Потоа беше се полесно за фаворитот кој имаше уште неколку шанси, но точка на сите дилеми околу тоа кој ќе го освои целиот плен стави Салах по асистенцијата на Нуњез во 97 минута.

Сега Ливерпул изби на првата позиција на табелата со 20 бода поради подобрата гол разлика од Тотенхем и Арсенал кои допрва ќе ги играат своите мечеви од актуелната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни