Поврзете се со нас

Англија

Роси има интересен предлог за тренер на Јунајтед: Тој е легенда и помогна да се изгради нивната култура

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг е на излезна врата од Манчестер Јунајтед или барем такви се најавите кои доаѓаат од островот во овој момент, изминат период.

Екипата е далеку од врвот на табелата во ПЛ и има само една шанса за трофеј во сезоната и тоа во ФА Купот, но до тој успех ќе мора да стигне преку градскиот ривал Манчестер Сити што воопшто нема да биде лесна мисија.

Меѓутоа и Јунајтед да дојде до тој резултат, прашање е дали Холанѓанецот ќе преживее и веќе во јавноста се вртат доста имиња како потенцијални наследници како Саутгејт, Тухел, Де Ѕерби, Зидан…

Џузепе Роси во својата кариера имаше можност да биде дел од „црвените ѓаволи“, многу добро знае што значи тој клуб и каква е тежината за играчите и тренерите, па така според него можеби е време Јунајтед да му даде шанса на Рој Кин да проба да ја пренесе културата на клубот на најдобар начин.

-Кога размислувам за потенцијално да го имам Рој Кин како менаџер на Олд Трафорд, тоа звучи како да е навистина одлично. Тоа би било нешто многу кул. Клубот дефинитивно треба да размисли за тоа доколку има промена во раководството. Човек кој е легенда на клубот и помогна да се изгради нивната култура, токму тоа е потребно.

-Можеби некои од играчите кои не играат за дресот повеќе би го разбрале. Можеби ви треба некој да влезе во Манчестер Јунајтед и да ја исчисти куќата така да се каже и да изгради од таму. Тоа може да биде одлична ситуација, -вели Де Роси за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни