Поврзете се со нас

Свет

Роналдо со атрактивен лоб погодок ја круниса победата на Ал Наср (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Најдобриот стрелец во шампионатот на Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо продолжува да ги тресе мрежите на противниците, па така вечерва даде два нови гола во славјето на неговиот Ал Наср над Ал Ахдуд од 3-0.

Кристијано со своите погодоци во 77 и 80 минути ја потврди победата на фаворитот, односно еден од нив беше вистинско ремек дело, лоб мајсторија која донесе ерупција на трибините.

Ал Наср со 34 бода е на втората позиција на табелата, Роналдо пак е на врвот на листата на стрелци со 15 голови и 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни