Поврзете се со нас

Италија

Роналдо се почастил со уникатното Ферари кое веќе беше промовирано од страна на Ибра (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо е голем вљубеник во луксузните и спортските автомобили, па како врвен спортист кој е познат по својата богата колекција на скапоцени ѕверови во својата гаража, Португалецот сега ја надополнил истата со уште едно уникатно парче.

Роналдо го пропушти понеделничкиот тренинг на Јувентус за да изврши маркетиншки задачи зададени од претседателот Андреа Ањели, со кого заедно беа во посета на фабриката која е симбол за производство на италијанската гордост.

Ѕвездата на Јуве ја посети Маранело фабриката и можевме да видиме фотографија на која се гледа дека ги изненади Шарл Леклер и Карлос Сајнц, но италијанските медиуми сега откриваат дека Кристијано ја искористил посетата на фабриката за да се почести и со еден специјален автомобил.

Станува збор за Ферари Монца кој е специфичен и уникатен двосед кој вреди 1,6 милиони евра, автомобил кој решил дека според излегдот, заслужува да биде дел од неговата богата колекција.

Се работи за специјален модел кој има лимитирано производство, а кој претходно веќе го доби Златан Ибрахимовиќ кој беше уловен како го вози своето ново Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни