Поврзете се со нас

Лига Европа

Рома и Ливерпул ги прегазија ривалите, Баер се врати од голема негатива (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Рома и Ливерпул ја наполнија мрежата на противниците во осминафиналето на Лига Европа, додека Баер Леверкузен се врати од сериозна негатива на дуелот со Карабах.

„Волчицата“ ја продолжи позитивната серија под водство на Де Роси и славеше со убедливи 4:0 во дуелот со Брајтон, премиерлигашот кој немаше одговор на „Олимпико“.

Дибала го отвори резултатот рано на средбата, Лукаку до крајот на полувремето зголеми, додека во вториот дел по еден гол постигнаа Пелегрини и Кристанте.

Ливерпул издоминира на гостувањето кај Спарта (1:5), на дуел на кој премиерлигашот поведе преку МакАлистер од пенал, а Дарвин со два погодока го реши победникот. Диаз и Собослаи се запишаа во листата на стрелци до крајот, додека единствениот гол за домашниот тим беше автогол на Бредли.

Баер Леверкузен имаше два гола негатива на гостувањето кај Карабах, но преку Вирц и Шик стигна до 2:2 за поповолна позиција на реваншот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни