Поврзете се со нас

Светски првенства

Рој Кин жестоко ги нападна Бразилците: Не ми се верува што гледам, ова е непочитување

Објавено

на

Бразил режираше фудбалска рапсодија во првото полувреме од осминафиналето против Јужна Кореја и првите четири удари кон противничкиот гол завршија со погодок, што направи „кариоките“ да имаат преубедлива предност од 4:0 уште на паузата.

По само 45 минути го дознавме патникот во четвртфиналето на Светското првенство, а додека најголем дел од јавноста остана воодушевена од играта на Бразилците кои само потврдија дека се големи фаворити за титулата, има и такви кои останаа разочарани од нивното однесување.

Играчите на Бразил беа нависитна разиграни на теренот, но и за време на прославата на головите, што направи да видиме и танц од селекторот Тите по голот за 3:0 кој го постигна Ришарлисон.

Овие сцени воопшто не му се допаднале на Рој Кин, кој во студиото на „Ај-Ти-Ви“ не штедел критики за селекторот и неговите избраници.

– Воопшто не ми се допадна ова. Знам дека многу аналитичари велат дека ова, играњето е дел од нивната култура, но за мене ова веќе е непочитување кон противникот.

– Се приклучи и тренерот…. Не можам да поверувам што гледам. Јасно ми е дека беа среќни и разиграни по првиот гол, но ова во продолжение беше претерано. За мене ова е класично непочитување кон противникот, – заклучил Рој Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни