Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Родри го поддржа ставот на Гвардиола за „Бернабеу“: Не беше добро…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола испрати забелешки за состојбата на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ и му директно му се обрати на Флорентино Перез, а во поплаките на шпанскиот стручњак се надоврза и Родри.

Најголемиот техничар во средниот ред на Сити имаше доста некарактеристични грешки при додавањата за време на вчерашниот меч, па како што вели тој, истите се должеле на нерамниот терен и лошата состојба на тревата.

– Не беше добро, теренот навистина не беше добар. За начинот на кој ние играме фудбал, сметам дека теренот ни направи проблем. Не бараме оправдувања, но условите не беа најдобри.

– Кога гледате од трибините, најчесто не може да го забележите тоа, но кога сте на теренот имате најдобра слика за реалната состојба на теренот.

– Топката отскокнуваше и немаше природен пат. Теренот на „Бернабеу“ секогаш бил како тепих, секогаш имало најдобри услови и сигурни сме дека ова беше случајност, – изјави Родри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни