Поврзете се со нас

Лига на нации

Рангник дебитираше со фудбалска лекција за Хрватска: Можевме да ги победиме уште поубедливо!

Објавено

на

Ралф Рангник дебитираше на клупата на австриската фудбалска репрезентација со огромна победа на тешко гостување, односно неговиот тим предизвика голем револт во Хрватска со фудбалската лекција која им ја одржа на „коцкестите“.

Хрватска не е ист тим без Лука Модриќ и Иван Перишиќ во стартната постава, но тоа не е доволно добар изговоро за селекторот Далиќ и останатите фудбалери, бидејќи по неполн час игра, имаа негатива од 0:3 на стадионот во Осијек.

Повредениот Перишиќ воопшто не беше во комбинација за настап, но дури и Модриќ не можеше да ја смени ситуацијата и да ја поправи сликата откако влезе во игра.

Победата од 0:3 ја осигураа Арнаутовиќ, Грегорич и Сабицер, а доскорашениот менаџер на Јунајтед вели дека неговиот тим можел да постигне уште неколку гола.

– Имавме проблеми во првиот половина час додека игравме со формација 3-5-2. Во тој период тешко доаѓавме до топката, но потоа ја променивме формацијата и игравме 4-2-2-2. Тоа ни ги олесна работите, го контролиравме мечот во вториот дел и можевме да победиме со уште поголема разлика.

– Ако го изземеме првиот половина час, задоволен сум од првиот меч како селектор. Следниот еден час игравме сериозен фудбал и заслужено победивме, – изјави Рангник по премиерната победа во Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни