Поврзете се со нас

Франција

Рафиња раскина со ПСЖ и си пронајде нов клуб, остана само уште еден непосакуван играч во Париз (Фото)

Објавено

на

Додека играчите на ПСЖ вчера се подготвуваат за мечот со Нант во Лига 1, пристигна официјална информација дека поранешниот бразилски репрезентативец Рафиња го раскинал договорот со клубот, и тоа по взаемен договор за да направи трансфер како слободен агент.

До ова дошло откако некогашниот играч на Барселона си пронашол новк луб, а тоа е катарски Ал Араби кој реши да му овозможи шанса на офанзивниот фудбалер да си ја врати кариерата во посакуван правец.

Рафиња има 29 години и сериозно назадуваше во последните две-три сезони, но иако цели два месеци му беше најавено дека не е во плановите, си најде решение за иднината по истекот на летниот преоден рок.

На овој начин, двоецот Луис Кампос-Кристоф Галтие ја исчисти речиси цела листа на непосакувани играчи кои ги имаа обележано со црно, од која претходно отпаднаа фудбалери како Арео,а Вајналду, Ерере, Геје, Паредес, Диало, Курзава и Симонс.

Всушност, на црната листа на ПСЖ останува само еден непосакуван играч, а тоа е Мауро Икарди кој не влегува во ниту еден план за новата сезона и планот е да се најде спогодбено решение и со него во наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни