Поврзете се со нас

Македонија

Работнички запиша убедлив триумф над Гостивар, Пелистер се испоти против Кожув

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Кошаркарите на Работнички и Пелистер остварија победи на вечерашните средби од 11. коло во Првата лига.

Работнички ги разочара своите навивачи со минато неделниот настап против Феникс, но денеска одигра далеку подобро и на повисоко ниво и го совлада Гостивар со 86:65 во салата „Младост“.

Скопскиот тим доби три од четирите четвртини, најрасположение за игра беа Рикиќ со 23 поени и 14 скокови, Трајс со 17 и Ефремовски со 16 кошеви. Џонс и Вилијамс за поразените уфрлија по 15 поени.

Пелистер пак со доста мака се избори за славје над Кожув. Гостите од Гевгелија се покажаа како тврд орев, беа конкурентни, но фаворитот го имаше последниот збор и со завршната четвртина која ја доби со 17-10 ја доби битката со 72:71.

Планиниќ даде 14, Маслинко 12, Бернард и Стојановски по 10 поени.

Во послениот меч Охрид загуби од Чаир со 64:74,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни