Поврзете се со нас

Македонија

Прво засилување за новата сезона: Вардар договори бек од Бундеслигата

Објавено

на

Екипата на Вардар почна да размислува за наредната сезона и веќе е договорено првото засилување за натпреварувачката 2022/2023, засилување кое доаѓа од Бундеслигата.

Имено нов член на „црвено-црните“ е соиграчот на Филип Кузмановски од Хановер, десниот бек Нејц Цехте. Цехте има 29 години и е репрезентативец на Словенија од која беше дел на последното Европско првенство во Унгарија и Словачка.

Тој веќе четири години го носи дресот на Хановер, додека претходно беше член на Горење Велење.

Останува да видиме што ова ќе значи за вардарци кои во оваа сезона на позицијата десен бек ги имаат Кевин Њокас, Куни Моралес и Давид Савревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни