Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Првиот оперативец на Супер лигата: Клубови кои јавно се оградија ми потврдија дека се отворени за преговори

Објавено

на

Втората промоција на Супер лигата предизвика нова бура на европската фудбалска сцена, а дел од клубовите решија експресно да испратат соопштение за да се оградат од натпреварувањето кое треба да и биде конкурент на Лигата на шампионите.

Клубови како Интер, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити истакнаа дека не го промениле ставот и остануваат фокусирани на она што го прави УЕФА со нејзините натпреварувања.

Во своето гостување кај шпански медиум, првиот оперативец на лигата, Бернд Рајхарт, истакнал дека дел од клубовите морале да излезат со ваков став поради притисокот од УЕФА, но во позадина остануваат отворени за преговори со Супер лигата.

– Зборував со претставници на многу клубови денеска, но не е вистинско време да преговараме со нив.

– Започнува нова ера на дијалог и во моментов најважно е да ги комуницираме клубовите кои ќе бидат основачи и темел на Супер лигата. Нема да инсистираме да добиеме потврда веднаш, идејата е да се обединиме, а не да градиме ѕидови.

– Денеска видовме дека многу клубови излегоа со соопштенија во кои ја гледаме долгата рака на монополот кој трае 70 години. Дали се сомневаме дека УЕФА прави притисок над клубовите? Дадете ни време и ќе видите дека ќе ги убедиме најдобрите европски клубови. Дел од клубовите кои денеска јавно кажаа „Не“ ми се јавија со објаснување: Рековме „Не“, но тука сме, – рекол Рајхарт, кој не сакал да открие дали во таа група има и некој премиерлигаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни