Поврзете се со нас

Светски првенства

Промена на планот: Разочараните француски ѕвезди доживеаја неочекувано изненадување во Париз (Видео)

Објавено

на

Француската експедиција со огромно разочарување слета во Париз и беше најавено дека нема да има никаков пречек за фудбалерите кои се вратија од Катар како светски вицешампиони, но на крајот дојде до промена на планот и Дидие Дешамп и играчите останаа навистина изненадени.

Фрустрираните француски фудбалери биле решени веднаш да си заминат во своите домови по слетувањето во престолнината, но сепак морале да направат исклучок и да ги отпоздрават навивачите кои се појавиле на плоштадот Конкорд.

За волја на вистината, повеќе од 10 илјади француски фудбалски фанови покажале голема класа и со силен поздрав ги пречекале своите миленици, кои иако не ја одбранија светската титула, го добија респектот кој навистина го заслужуваат.

Иако атмосферата не беше премногу славеничка, дел од играчите успеале да се расположат благодарение на навивачите, а Дешамп објаснил дека се променил првичниот план кога ја виделе реката од луѓе на балконот.

– Не го планиравме ова, но наша должност е да им се заблагодариме и да ги отпоздравиме сите Французи кои не поддржуваа. Поделивме фантастични емоции иако последното поглавје беше сурово и болно. Сепак, не смееме да заборавиме што направи оваа група, иако имавме големи потешкотии на турнирот. За нас е многу важно што ги поздравивме овие прекрасни навивачи, – изјавил Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни