Поврзете се со нас

Шпанија

После неполни пет месеци: Иско доби шут-карта и ќе мора да си бара нов клуб!

Објавено

на

Шпанските медиуми минатата седмица пренесоа дека Иско Аларкон влегол во пожестока расправија со спортскиот директор Мончи кој останал максимално незадоволен од неговата форма и незалагањето на тренинзите, па цела оваа непријатна епизода на крајот завршува онака како што можеше да се насети.

Угледните „Марка“ и „АС“ ексклузивно пренесуваат дека Севилја предвреме му го раскинал договорот на Иско и му врачил шут-карта во текот на денешниот ден, па сега во завршна фаза се финалните детали кои ќе направат двете страни веќе да немаат ништо заедничко.

Иско беше претставен како огромно засилување на средината на месец август и пристигна на „Санчес Писхуан“ како слободен агент, па иако договорот беше во времетраење од две години, неговата етапа во клубот нема да се памети по добро. Покрај караницата со Мончи, причина за раскинувањето е и фактот што тој беше доведен од страна на Хулен Лопетеги, а актуелниот тренер Сампаоли не гледа на него како фудбалер кој може да донесе позитивна промена во тимот.

Истата траеше неполни пет месеци, што само потврдува дека Иско е далеку од препознатливата и посакувана форма, која своевремено му овозможи да биде нераскинлив дел од стартната постава на Реал Мадрид.

Од денеска, Иско повторно ќе биде слободен агент, што значи дека ќе мора повторно да си бара нов клуб и средина во јануарскиот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни