Поврзете се со нас

Формула 1

Пораката на Ферстапен преку тимското радио најдобро ја сумира актуелната Ф1 сезона (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/redbullracing

Макс Ферстапен едноставно не планира да застане и издоминира на уште еден натпреварувачки викенд во Формула 1, овојпат на легендарната патека Спа во Белгија.

Холандскиот возач стигна до осмата победа во низа во „најбрзиот циркус“ и тоа е јасен показател дека е недопирлив за конкуренцијата, приказ која можевме да го видиме и на денешната трка.

Макс создаде убедлива предност и покрај тоа што стартуваше шести, а при крајот од трката до толку беше комотен, што можеше да си дозволи и гратис бокс и повторно да се врати прв на патеката.

Во таква ситуација, Ферстапен ги праша луѓето во тимот дали се подготвени за еден пит-стоп тренинг во ситуација кога трката е доста досадна, на што шефовите му возвратија со негативен одговор.

– Можам да притиснам и да направиме уште еден пит стоп? Да направиме еден пит-стоп тренинг, – гласи пораката на Макс која можеби и најдобро ја сумира актуелната Ф1 сезона, во која Ферстапен ита кон третата титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни