Поврзете се со нас

Англија

Клоп задоцни на пресот, па со вулгарен речник ги „поздрави“ новинарите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп ги брои последните денови како менаџер на Ливерпул и пред него се уште само два натпревари како предводник на „црвените“, а очигледно тоа прави да биде до толку опуштен, што веќе не ни бира кој речник го употребува.

Харизматичниот Германец понуди безброј незаборавни моменти за време на прес-конферециите во изминатите години, но денеска понудил уште еден спектакл за новинарите.

Клоп задоцнил по вторпат на закажана прес-конференција во период од три седмици и тоа му било нагласено на еден од присутните новинари, по што Јирген возвратил на смеа со вулгарен речник.

– Повторно доцнам, извинете. Всушност, воопшто не ми е гајле, – изјави Клоп кој со својот потег ги изнасмеал сите во прес-центарот.

Ливерпул во 37-то коло и гостува на Астон Вила во Бирмингем, а Клоп своето патување на „Енфилд Роуд“ ќе го заврши во последното против Вулверхемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни