Поврзете се со нас

Свет

Победнички почеток за Костески и Кукуловски во Чешка

Објавено

на

Македонските интернационалци, Никола Костески и Дејан Кукуловски се радуваа на победи со своите тимови на мечевите во првата чешка лига.

Поради Европското првенство беше направена пауза, па за Талент Плзен и Брно ова беа први средби во 2024 година, средби кои завршија со позитивни резултати.

Никола и компанија беа подобри од Јичин со 36:34 со што дојдоа до 30 сезонски бод со што се први на табелата пред Карвина која има 29 бодови. Македонскиот репрезентативец беше автор на два погодоци.

Кукуловски со Брно издвојува триумф над Страконице со 29:25. Домаќините имаа негатива од 11-10 во првото полувреме, ама по одморот заиграа на повисоко ниво и го оправдаа статусот на апсолутни фаворити против претпоследниот тим во шампионатот.

Дејан имаше една реализација на оваа пресметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни